
Шекеринска во посета на Естонија
За време на престојот во Талин, Шекеринска ќе се сретне со естонскиот претседател Алар Карис и со министрите за надворешни работи и за одбрана на Естонија, Маргус Цахкна и Хано Певкур.
Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во посети на Естонија.
Како што соопшти НАТО, за време на престојот во Талин, Шекеринска ќе се сретне со естонскиот претседател Алар Карис и со министрите за надворешни работи и за одбрана на Естонија, Маргус Цахкна и Хано Певкур.
Покрај ова, Шекеринска ќе учествува на конференцијата „Ленарт Мери“, ќе го посети регионалниот центар на Акцелератор за одбранбени иновации за Северниот Атлантик (ДИАНА) и ќе присуствува на воената вежба „Сил“.