Илон Маск – новиот сопственик на Твитер најави дека ќе го одблокира налогот на поранешниот американски претседател – Доналд Трамп.
„Мислам дека тоа беше морално лоша одлука и да бидам целосно јасен, крајно глупава“ рече Маск.
Основачот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“, кон крајот на април го купи Твитер за 44 милијарди долари, но сè уште треба да добие поддршка од акционерите и регулаторните органи.