Учебната година сепак ќе заврши на 10. јуни

Владата одлучи да нема продолжување на учебната година.

Владата на денешната редовна 44. седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта, а со тоа беше одлучено да нема продолжување на учебната година.

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебната 2021/2022 година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“ велат од Владата.

Дилемата дали учениците ќе останат во училишните клупи беше поради штрајкот на просветните работници кој беше поради барањето на наставниците и професорите за повисоки плати, согласно покачувањето на минималната плата во државата.

СОНК, организаторот на штрајкот беше принуден протестот да го стави во мирување, а преговорите со МОН продолжуваат и понатаму под мониторинг на МТСП.