Пахор: Германија повеќе страда од руско-украинската криза, отколку другите земји

Словенечкиот претседател Борут Пахор не смета на основани критики од Источна Европа кон Германија за забавување на мерките против Русија бидејќи, како што вели „Германија повеќе страда од оваа криза отколку другите земји“.

Пахор вели дека „во моментов доживуваме радикален пресврт во германската политика кон Русија“ и дека поради тоа и се восхитува на Германија.

Тој во интервју за германски „Шпигел“ повтори дека е „против зоната на забранети летови бидејќи тоа би значело директно учество на НАТО во војната. Ги коментираше и односте со соседот.

„Словенија и Хрватска сега се одлични партнери со добрососедски односи, кои не секогаш биле толку квалитетни поради отворените прашања што произлегуваат од распадот на поранешната заедничка држава. Со меѓусебно разбирање и почит, овие прашања може да се решат“ –  рече Пахор.