Кирил Петков – гугарскиот премиер во интервју за романска телевизија говореше за последните светски случувања, навраќајќи се и на блокадата на Македонија од Бугарија.
„Бугарите треба да сфатат дека НАТО не е во Бугарија, туку Бугарија е во НАТО. Не можам да бидам одговорен за ништо во овој случај. Решив дека иднината на Северна Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ – тоа е добро за регионот“ – рече Петков.
„Ние не зборуваме против Русите. Ни се допаѓаат многу руски музичари, поети, луѓе од различни културни кругови и немаме ништо против нив. Нашиот вистински проблем е со Путин. Треба да направиме разлика помеѓу режимот на Путин и традиционалните пријателски односи со Русите“ – изјавил Петков.