Каселакис казнет поради прекршување на закон за имотна сопственост на политичари

Со 30 месеци условна затворска казна и парична казна од 50.000 евра, прекршочниот суд во Атина го осуди поранешниот претседател на СИРИЗА, а сега лидер на Движење за демократија Стефанос Каселакис поради прекршување на Законот за борба против корупцијата, со кој на лидерите на политичките партии им се забранува да имаат учество во управувањето или капиталот на компании, чие седиште или статут е во странство.

Со 30 месеци условна затворска казна и парична казна од 50.000 евра, прекршочниот суд во Атина го осуди поранешниот претседател на СИРИЗА, а сега лидер на Движење за демократија Стефанос Каселакис поради прекршување на Законот за борба против корупцијата, со кој на лидерите на политичките партии им се забранува да имаат учество во управувањето или капиталот на компании, чие седиште или статут е во странство, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката се однесува на законот за имот и извор на средства на политичари, односно поради тоа што како прв човек на партијата беше и сопственик на компанија со седиште во САД, преку која со заем беа исплатени вработените во медиумите на СИРИЗА

Политичарите во Грција во нивните задолжителни годишни имотни декларации, треба да пријават сè што имаат во нивна сопственост, средства на банкарските сметки, акциите, недвижнини и сл, а Каселакис не ја пријавил компанијата во САД.

Во март минатата година грчкото обвинителство спроведе истрага за конкретната фирма, откако во медиумите беше објавено дека е во сопственост на Каселакис и додека беше лидер на СИРИЗА, со заем, финансиски ги поддржа весникот „Авги“ и радиото „Сто кокино“, што всушност се партиски медиуми.

Каселакис кој изминатите 20 години живееше во САД, во периодот од септември 2023-септември 2024 година беше лидер на грчката опозициска партија СИРИЗА, а откако беше разрешен од претседателската позиција, си замина и го основаше Двиеже за демократија.