Засилувачка доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година. Ова е мислењето на претседателот на Светската медицинска асоцијација, д-р Франк Улрих Монтгомери.
„Засилувачката доза на вакцината го зајакнува имунолошкиот систем. Но, не знаеме точно колку долго ќе трае пандемијата. Можеби вакцината треба да се дава секоја година“ – рече д-р Монтгомери.
Тој го поддржа воведувањето зелени сертификати за вакцинација со рок на важност што ќе истече во одреден момент доколку граѓанинот навреме не изврши ревакцинација.
Во декември 2020 година беа направени првите вакцини против коронавирус, во Германија.
СЗО завчера идентификуваше нов сој на коронавирусот – Б.1.1.529, пронајден во Јужна Африка, именуван со грчката буква омикрон.
Има загриженост дека оваа варијанта на коронавирусот „има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки“.