
НАТО објави Стратегија за дигитални податоци насочена кон зајакнување на колективната одбрана
НАТО објави верзија за јавноста на својата нова Стратегија за дигитални податоци, која има за цел да го забрза начинот на кој Алијансата ги користи дигиталните податоци за да помогне во постигнувањето на интероперабилност и интеграција во сите оперативни домени.
НАТО објави верзија за јавноста на својата нова Стратегија за дигитални податоци, која има за цел да го забрза начинот на кој Алијансата ги користи дигиталните податоци за да помогне во постигнувањето на интероперабилност и интеграција во сите оперативни домени.
– Користењето на дигиталната технологија му помага на НАТО да работи поефикасно, вклучително и преку користење на податоците како стратешки ресурс. Стратегијата опишува како подобро да се собираат, складираат и дистрибуираат информации низ Алијансата со заеднички стандарди, соопшти Северноатлантскиот пакт.
Се проценува дека со помош на оваа стратегија ќе се создадат безбеден и влијателен систем за споделување податоци, во чии рамки Алијансата, индустријата и академската заедница ќе можат безбедно да пристапуваат и да соработуваат преку моделите за вештачка интелигенција и машинско учење, при тоа овозможувајќи им на земјите членки на НАТО да ја задржат контролата врз своите податоци.
– Во Стратешкиот концепт од 2022 година, сојузниците ја потврдија потребата од подобрување на технолошката предност на НАТО за понатамошно зајакнување на одвраќањето и одбраната и зајакнување на посветеноста на Алијансата кон колективна одбрана, се наведува во соопштението.
На Самитот на НАТО во Вилнус во 2023 година, земјите членки одобрија Стратегија за имплементација на дигиталната трансформација, која има за цел да ги подобри операциите во повеќе домени, да ја поттикне интероперабилноста и да ја зајакне свеста за потребата од политички консултации.