
Германија ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно
Во својот последен телефонски разговор како канцелар, Шолц разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврдувајќи ја „континуираната и непоколеблива солидарност на Германија со Украина“, соопшти неговиот портпарол Штефен Хебештрајт.
Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина „колку и да трае тоа“, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц, кој официјално треба да се повлече од функцијата.
Во својот последен телефонски разговор како канцелар, Шолц разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврдувајќи ја „континуираната и непоколеблива солидарност на Германија со Украина“, соопшти неговиот портпарол Штефен Хебештрајт.
Шолц нагласил дека „Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина во тесна координација со европските и меѓународните партнери, и онолку долго колку што е потребно“.
Руската инвазија на Украина, што започна во февруари 2022 година, само два месеца по доаѓањето на Шолц на функцијата канцелар, го обележа неговиот мандат повеќе од кој било друг настан, изјави портпаролот.
Германија е втор најголем снабдувач со воена помош за Украина, по САД, уште од почетокот на руската инвазија.
Сепак, и покрај бројните повици од страна на Зеленски, Шолц упорно одбиваше да испрати германски крстосувачки ракети со долг дострел од типот „Таурус“, објаснувајќи дека сака да избегне натамошна ескалација со Москва.
Наспроти него, идниот канцелар Фридрих Мерц, кој се претставува како цврст поддржувач на Украина, најави подготвеност да ги испорача тие ракети под одредени услови.