
Директорот на ЗОО Скопје: Вработените немаат плата за март поради Министерството за култура, а не поради менаџментот!
„Вработените во ЈУ Зоолошка градина Скопје, кои се грижат за над 500 животни, платата за март сѐ уште ја немаат добиено поради Министерството за култура кое е должно да ја исплати.
В.д. директорот на Зоолошката градина Скопје Зоран Попов, денеска преку официјалната страна на ЗОО напиша дека вработените немале плата за месец март поради Министерството за култура, а не поради менаџментот.
„Вработените во ЈУ Зоолошка градина Скопје, кои се грижат за над 500 животни, платата за март сѐ уште ја немаат добиено поради Министерството за култура кое е должно да ја исплати.
Од страна на Министерството за култура до нашата институција беше испратен мејл, врз основа на кој бараа сите јавни установи од културата да направат незаконски измени на пресметките за мартовските плати, без правна основа, спротивно на Колективниот договор.
Зоолошка градина Скопје, како и другите јавни установи испрати официјални забелешки и прашања до Министерството бидејќи насоките во мејлот беа нејасни, но до денеска немаме добиено никаков одговор.
Согласно насоките од Министерството за култура кои беа дадени за директорите истите се принудуваат да ги поништат старите решенија за плата и да изготват нови.
Оттука јасно произлегува дека вината за неисплатените плати не е во менаџментот на Зоолошка градина Скопје како што во јавноста пробаа да излажат и манипулираат одредени поединци, за што ќе побараме јавно извинување.
Грижата за животните не запре ниту ден во целиот овој период, сите вработени во ЗОО Скопје работат грижливо и посветено“, вели Попов.