ВМРО-ДПМНЕ нема да гo поддржи предлог-законот на СДСМ за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ нема да гo поддржи специјалниот предлог-закон на СДСМ кој, како што најави партискиот лидер Филипче треба да обезбеди финансиска и институционална поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Според пратеникот Бојан Стојановски, владејачкото мнозинство ќе ги дуплира или трикратно ќе ги зголеми средствата кои што Владата ги одвоила за сите општини со цел да помогне на Кочани, а паралелно се водат преговори со повеќе инвеститори своите капацитети да ги изградат во индустриската зона таму.

На прашањето зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера не се сретнаа со родителите на загинатите кои дојдоа пред собранието, Стојановски рече дека оној кој што може да им даде директни одговори бил министерот Тошковски.

Лидерот на СДСМ најави дека подготвува специјален Закон со за финансиска и институционална помош за семејствата на настраданите во Кочани, како и дополнителна поддршка за оние кои имаат повредени членови. Целта е да им се помогне на семејствата полесно да ги пребродат тешките моменти и трошоците што произлегуваат од трагедијата, изјави Филипче.