Курти: Народот на Косово се солидаризира со народот на Украина!
Премиерот на Косово – Албин Курти го осуди завчерашниот напад на руските сили врз училиште во селото Билогоривка во украинската област Луганск, во кој загинаа над 60 цивили.
Курти на Твитер порача дека народот на Косово, „преживувајќи го геноцидот од крајот на 20. век, се солидаризира со народот на Украина“.
„Ужаснат од бруталниот напад врз невините цивили во училиште во селото Билогоривка во Луганск. Преживувајќи го геноцидот од крајот на 20. век и набргу по постигнувањето на ослободувањето, народот на Косово се солидаризира со народот на Украина“ – напиша Курти.