Бектеши останува во притвор, реши Апелациониот суд

Судот постапуваше по Осум жалби од кои само една прифатена каде мерката од куќен притвор се преиначува со мерки на претпазливост за еден од осомничените, инспектор во Државниот пазарен инспекторат од Виница.

Апелациониот суд во Штип ги одби како неосновани жалбите на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, и ексградоначалниците на Кочани, Николчо Илијев и Ратко Димитровски, со што Бектеши останува во притвор, а Илијев и Димитровски во куќен притвор. Тројцата се осомничени во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 61 лице.

Во притвор останува и поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ која ставила потпис на втората лиценца за вршење на угостителска дејност на дискотеката.

Судот постапуваше по осум жалби од кои само една прифатена каде мерката од куќен притвор се преиначува со мерки на претпазливост за еден од осомничените, инспектор во Државниот пазарен инспекторат од Виница.