Ана Брнабиќ – премиерката на Србија денеска изјави дека во следниот период ќе има уште посилни притисоци врз Србија да ѝ воведе санкции на Русија. Српската премиерка на тв „Пинк“ рече дека постои голем интерес на Западот за тоа што Србија не ѝ воведува санкции на Русија и истакна дека во следниот период притисоците врз Белград да го направи тоа ќе бидат посилни.
„Огромен е интересот и наметнувањето неколку теми од кои едната е зошто Србија е единствената држава која не ѝ воведува санкции на Русија“ – кажа Брнабиќ.
Таа смета дека во следниот период на Србија ќе ѝ биде сè потешко, но дека претседателот на Србија – Александар Вучиќ ја игра дипломатската игра „на неверојатен начин“, и дека на средбите користи познавање на историјата и правото, па тешко е да се имаат контра-аргументи.
„Ние како земја мора строго да се држиме за меѓународното право, во тоа се разликуваме од другите“ – кажа Брнабиќ.