
Отворање на изложбата „Никогаш незаљубен” на Дарко Алексовски
Во Францускиот институт во Скопје вечер од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Никогаш незаљубен" на уметникот Дарко Алексовски.
Во Францускиот институт во Скопје вечер од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Никогаш незаљубен” на уметникот Дарко Алексовски.
Изложбата комбинира писма напишани на машина за пишување и серија цртежи во голем формат кои создаваат асоцијативен морски пејзаж, евоцирајќи битовo сликарство.
-Оваа изложба претставува можност да се запознаете со делата на визуелниот уметник Алексовски, чија уметничка практика се формира преку работа со слики и креативно пишување. Тој во оваа изложба, преку две меѓусебно поврзани дела – „Љубовни писма до осаменоста” и „Бранови”, ги отсликува размислите за љубовта, сеќавањето и променливоста на човечките врски, соопшти Францускиот институт-Скопје за изложбата чиј куратор е Мелоди Робин.
Ова дело на Алексовски е веќе изложувано во студиото на Private print и во галерии во Сплит и Марибор, со адаптација на поставката.