Во Москва со воена парада традиционално се одбележува Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна. На почетокот на парадата се обрати рускиот претседател Владимир Путин кој истакна дека војниците се се борат „за нашиот народ во Донбас, за безбедноста на нашата татковина“.
Путин посочи дека Западот отворено подготвувал напад врз Донбас и Крим на крајот на минатата година и дека во Киев имало повици за нуклеарно оружје што создава „неприфатлива закана на нашата граница“.
Тој ги обвини САД и „нивните следбеници“ дека се закануваат, а „опасноста растела секој ден“.
„Земјите од НАТО не сакаа да не слушнат, имаа други планови. Тие подготвуваа напад на Крим, изјави рускиот лидер. Русија пружи превентивен отпор на агресијата – тоа беше единствената правилна одлука. Никој нема да ги заборави лекциите од Втората светска војна, така што нема да има место за нацисти во светот“ рече Путин.
Парадата на „Црвениот плоштад“ во Москва започна со претставување на руското знаме и знамето на победата со звуците на песната „Света војна“.
Со парадата командува командантот на копнената армија, армискиот генерал Олег Саљуков, а домаќин на парадата е министерот за одбрана, армискиот генерал Сергеј Шојгу.
Паради се одржуваат во 28 руски градови, а на нив ќе учествуваат околу 65.000 луѓе, 2.400 единици вооружување и повеќе од 460 авиони.
Иако многумина очекуваа, Путин не најави ништо големо во неговиот говор по повод Денот на победата над фашизмот.