Украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на Денот на победата над фашизмотрече дека Русија „заборавила на сè што им било важно на победниците во Втората светска војна“.
Тој потецира дека целиот слободен свет може да види дека Украина е „страната на доброто во оваа војна“, а Русија „ќе изгуби затоа што злото секогаш губи“.
Западните лидери го искористија Денот на победата за уште еднаш да ги осудат акциите на Русија во Украина.
Џастин Трудо – премиерот на Канада кој беше во Украина оттаму изјави дека Путин „оди против вредностите за кои толку многу луѓе се бореа и загинаа“.
Лидерите на Г7 рекоа дека постапките на Путин донеле „срам за Русија и историските жртви на нејзиниот народ“.