(Видео) Азири: Над 80 насто од Албанците се незадоволни од Владата!

🔴 - Теоретски се е можно. Можно е и да се спојат и да се вратат и Таравари и други членови на Алијанса за Албанците во Алијанса за Албанците, таму каде и што припаѓаат. Слушам дека има некоја иницијатива, но јас не знам како ќе се одвиваат работите. Во секој случај ние сме за обединување, затоа што обединувањето е најпрво хумана работа“. 👉 -Тој и Ахмети знаат дека се во опозиција, но и гледаат како работи Владата, како работи позицијата. Поаѓајќи од овие вредности и од нашите вреднувања дури и пред да се формира Владата, ние укажавме во ЦО, на нашите седници и собири дека во Македонија се чувствува една тенденција на хомогенизација на македонскиот политички блок. За жал тоа во индиректна форма се случи со големата победа на ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратеници, плус шест пратеници на ЗНАМ. Периодов слушавме изјави од претставници на ЗНАМ во кои велат дека Владата нема проблем, дека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат 64 пратеници. Се однесуваат како ништо да не се случува, сакаат да стават до знаење дека можат и без Албанци, без Турци, без Роми. Но оваа логика е во спротивност со демократијата во Македонија, вели Азири.

„Би сакал реално да ги видиме нештата во Македонија. Во една прилика самиот Таравари изјави дека според неговите анкети 70% од граѓаните Албанци се незадоволни од владеењето. Јас мислам дека тој процент е многу поголем и јас лично тука би ја гледал причината за овој чекор на Таравари, изјави во магазинот „Трилинг“, пратеникот и потпретседател на Алијанса за Албанците од Европскиот фронт, Елми Азири говорејќи околу чекорот на министерот за здравство Таравари да ја напушти ВЛЕН и да чека на одлука на Мицкоски дали ќе остане во владината коалиција.

„Инаку, имајќи предвид се што се случуваше во Алијанса за Албанците (АА) пред изборите на 8-ми мај и помпезноста како се формираше ВЛЕН, сметам дека формалните изјави за советнички листи, за градоначалнички места се ептен тривијални за да бидат главна причина за ваквите случувања или ваквиот раскол во самиот ВЛЕН. Сметам дека свесни се за погрешните постапки што ги направија дури од почеток. Свесни се дека во оваа Влада досега апсолутно ништо немаат направено за добробит на граѓаните. Ова може да се поткрепи со тоа дека ниту во една точка од изборната програма на ВЛЕН не е преточена во владина програма“, вели Азири и додава дека граѓаните чувствуваат дека нешто не оди и дојде време политичарите да излезат пред граѓаните на локалните избори со нивните ветувања што ги направија пред парламентарните избори.

Говорејќи околу тоа која е иницијалната каписла Таравари повторно да се врати, а и да чукне на врата Али Ахмети, довчерашниот негов противник за кого зборуваше дека е изворот на корупцијата и криминалот, Азири вели дека една работа не смее да се заборави, а тоа е дека улога на државата и посебно на Владата е да направи граѓаните да бидат задоволни.

„Повеќе од 80%, можеби 90% од граѓаните Албанците се незадоволни од оваа Влада. Зошто се незадоволни? Затоа што ние сите знаме низ што помина Република Северна Македонија години наназад. Охридскиот рамковен договор е дел од Уставот на Република Северна Македонија. Охридскиот рамковен договор имаше четири главни столба. Сите столбови на Охридскиот рамковен договор на еден или друг начин се начнати. Прво беше Законот за јазици, еве гледаме месеци наназад Уставниот суд прави притисок. Второ, правичната и адекватна застапеност на немнозинските заедници е уставна категорија. Гледаме дека се укина етничката припадност како критериум, а со тоа и балансерот. Трето е фискалната децентрализација. Ние во Македонија немаме функционална фискална децентрализација. И наместо Владата да ја продлабочи фискалната децентрализација, они со унгарскиот заем ја зацврстуваат централизацијата во државата.

-Во програмата на ВЛЕН пишуваше сосема друго – „со нашите мерки ќе влијаеме кон запирање на уценувањето од страна на централната власт кон локалната власт. И претпоставувам дека недостатокот на резултатите, недостатокот од исполнувањето на „лажните ветувања“ шти ги имаа на 8-ми мај 2024 се реалната причина, вели Азири.

Фото: Трилинг / Елми Азири

Говорејќи за можноста околу спојување на Таравари и Села, довчерашни лути противници, Азири вели дека двајцата биле многу блиски пријатели и најблиски соработници во Алијанса за Албанците повеќе од 7 години.

„Теоретски се е можно. Можно е и да се спојат и да се вратат и Таравари и други членови на Алијанса за Албанците во Алијанса за Албанците, таму каде и што припаѓаат. Слушам дека има некоја иницијатива, но јас не знам како ќе се одвиваат работите. Во секој случај ние сме за обединување, затоа што обединувањето е најпрво хумана работа“, додава Азири.

Околу тоа што значи повикот на Зијадин Села за обединување на сите Албанци, Азири вели дека Села го има кажано тоа веднаш после изборите.

„Тој и Ахмети знаат дека се во опозиција, но и гледаат како работи Владата, како работи позицијата. Поаѓајќи од овие вредности и од нашите вреднувања дури и пред да се формира Владата, ние укажавме во ЦО, на нашите седници и собири дека во Македонија се чувствува една тенденција на хомогенизација на македонскиот политички блок. За жал тоа во индиректна форма се случи со големата победа на ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратеници, плус шест пратеници на ЗНАМ. Периодов слушавме изјави од претставници на ЗНАМ во кои велат дека Владата нема проблем, дека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат 64 пратеници. Се однесуваат како ништо да не се случува, сакаат да стават до знаење дека можат и без Албанци, без Турци, без Роми. Но оваа логика е во спротивност со демократијата во Македонија.

-Нашата демократија така е направена, така е изградена и врз тие принципи функционира – двете најголеми заедници во државата се Македонците и Албанците. Пожелно е за да функционира државата без тензии, да функционира со почитување на волјата на граѓаните и од страна на Македонците и од страна на Албанците, оценува Азири и вели дека му верува на неговиот партиски лидер Села кога вели дека немало само телефонски разговори помеѓу Таравари и Ахмети, туку и дека имало и средби.

Околу она што се говори во кулоарите за можно сценарио околу притаен договор помеѓу Мицкоски, Таравари и Ахмети, а притоа партијата од Мала речица беше нарекувана како извор на корупција, Азири вели дека единствено политичко наследство за кое може да збори е наследството од Алијанса за Албанците.

„Јас сум повикуван за тоа наследство затоа што години наназад сум пратеник, потпретседател на партијата, значи еден од поистакнатите членови на партијата. За другите политички партии не би сакал да зборам, затоа што не сум прозван. Сметам дека селективниот пристап најблаго кажано кон именување на една политичка партија за коруптивна и другите политички партии воопшто да не се спојуваат во овој дел не делува добро кај граѓаните и не делува убедувачки. Затоа што во Македонија 30 години владее некој. 30 години во Македонија се зборува за криминал и корупција, сите се свесни за тоа. И сега сето тоа да се сведе само во една политичка партија мислам дека е некоректно и затоа можеби граѓаните не веруваат во оваа приказна.

-Апсолутно не сакам да прејудицирам дали некој е коруптивен или не е, затоа што не е моја работа, тоа е работа на институциите. Но сметам дека оваа теза што се пласира во јавноста не пали кај граѓаните, затоа што со своите постапки Владата не ги убеди граѓаните дека стварно им пречи некој поради икс причини и дека оваа Влада ќе делува на поинаков начин. Случувања во Македонија со новата Влада во овие девет месеци, сакале ние или не да ги прифатиме, ни кажуваат дека оваа Влада е насочена да го реализира во 100% ветеното пред изборите, а кое се преточуваше во двата главни слогани „Македонија повторно твоја и Македонија горда“. Јас мислам дека ова не е најдобар начин за државата да се чувствуваат горда, за граѓаните да се чувствуваат горди, затоа што оваа држава е на сите граѓани“, вели Азири.

Фото: Трилинг / Елми Азири

На прашањето дали Таравари ја факторизира ДУИ, Азири вели дека ДУИ и Европскиот фронт за жал го факторизираат делувањата на Владата.

-Немањето на резултати, враќањето назад со одредени процеси, регресивните делувања на Владата во однос на некои постигнувања на Албанците, априори подразбира дека опозицијата се факторизира, затоа што ние сме свесни, со сите пропусти што ги имаше поранешната Влада, сепак имаше достигнувања што се однесува до меѓуетничката кохезија, до спласнување на тензиите“, вели Азири.

„Ние се залагаме и сметаме дека се повеќе од потребни предвремените парламентарни избори затоа што имаме Влада со половичен легитимитет. ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, има легитимитет и затоа се однесува комотно.

За тоа дали Тирана и Приштина го поделија партискиот терен, Азири вели дека тој не видел вмешаност во партискиот живот на Албанците во Македонија од Еди Рама. Од спротивна страна имавме директно влијание и вмешување на Албин Курти, кој има и голема улога одиграно во формирање на ВЛЕН, има голема улога одиграно и во расколот што се случи во Алијансата за Албанците, што сметам дека не придонесе позитивно кон политичкиот живот на Албанците во Македонија. Јас мислам дека како почна формирањето на ВЛЕН така и ќе заврши. Неславно почна, неславно ќе заврши“, вели пратеникот и потпретседател на Алијанса за Албанците од Европскиот фронт, Елми Азири.

Целото интервју погледнете го во видеото.