Бојан Маричиќ – вицепремиерот за европски прашања е во дводневна работна посета на Париз, во чии рамки ќе оствари средби со државниот секретар за европски прашања на Франција, Клемент Бон и со политичкиот советник за Балканот на францускиот претседател Емануел Макрон, Изабел Думонт, а во францускиот Сенат ќе се сретне и со претседателот на Комитетот за меѓународни прашања и одбрана, Кристиан Камбон.
Маричиќ е планирано да учествува и на конференцијата „Балкански дијалози“, на тема: „Последиците од војната во Украина на евроинтеграцискиот процес“, на која ќе присуствуваат и високи државни претставници од регионот и од Европа.
„Оваа посета вицепремиерот Маричиќ ја реализира во исклучителен важен период и за Унијата и за регионот, а во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка и можноста за напредок во нашите евроинтеграции, за состојбата во преговорите со Бугарија, за новите предизвици од воената агресија врз Украина и за клучните приоритети на Владата во реализирањето на европските реформи“ – посочуваат од СЕП.