По повод одбележувањето на годишнината од крајот на Втората светска војна, германскиот канцелар Олаф Шолц и пренесе уверување на Украина за германска солидарност во нејзината борба против рускиот напад.
„Путин нема да победи во оваа војна. Украина ќе истрае“ – истакна Шолц.
Според него, годинава овој датум добил посебно значење бидејќи две земји кои некогаш биле жртви на нацистичка Германија (Украина и Русија) сега се во војна.
Шолц порача дека Германија ќе обезбеди хуманитарна, финансиска и воена помош за Украина.
Германскиот кацелар додаде дека „нема да има мир, диктиран од Русија“.