Џил Бајден во ненадејна посета на Украина
Џил Бајден – првата дама на САД денеска престојуваше во ненајавена посета на западна Украина, каде што се сретна со сопругата на украинскиот претседател – Олена Зеленски. Таа пристигна од Словачка во Ужгород.
„Сакав да дојдам на Денот на мајките“ – кажа Бајден.
Според првата дама на САД „важно е да му се покаже на украинскиот народ дека оваа војна мора да заврши и дека оваа војна е брутална и дека народот на САД е заедно со народот на Украина“.
Првата дама на Украина и се заблагодари на својата гостинка за нејзиниот, како што рече, „храбар чин“.
„Разбираме што е потребно за првата дама на САД да дојде овде за време на војната, кога секојдневно се извршуваат воени операции, каде што секој ден се вклучуваат воздушни сирени“ рече Олена Зеленски.