Претседателот на Русија – Владимир Путин денеска изјави дека „како и во 1945 година, победата ќе биде наша“, давајќи споредба меѓу настаните од Втората светска војна и конфликтот во Украина, во пораката испратена во пресрет на Денот на победата над фашизмот.
„Денес нашите војници, како и нивните предци, се борат рамо до рамо за да ја ослободат својата татковина од нацистичката нечистотија, убедени дека, како и во 1945 година, победата ќе биде наша“ – рече Путин.
„Наша заедничка должност е денес да го спречиме заживувањето на нацизмот, кој предизвика толку многу страдања на народите од различни земји“ рече рускиот претседател.
Заедно со војниците, Путин ги спомена и цивилите кои делуваа одвнатре.
„За жал, нацизмот повторно се издигнува денес. Наша света должност е да ги спречиме идеолошките наследници на поразените да се одмаздат во Големата патриотска војна“ – нагласи Путин во дел од говорот упатен до Украинците.
Тој на сите луѓе во Украина им посака „мирна и праведна иднина“.