
„Њујорк пост“: Со мировниот план на Трамп во Украина ќе се испратат војници
„Најтешкото нешто е како ќе изгледаат безбедносните сили - ние тоа го нарекуваме „сили за отпорност““, рече претставникот. „Силите на отпорност во тој случај би биле дел од безбедносните гаранции што ги сакаат Украинците и се надеваме дека ќе ги добијат“, додаде тој.
Во мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина се размислува за создавање заедничка комисија за следење на прекинот на огнот, пишува „Њујорк пост“.
Оваа комисија би вклучувала претставници на Украина, Русија и земја која не е членка на НАТО.
Иако деталите од мировниот договор сè уште не се утврдени, висок функционер на администрацијата на Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека тие детали може да вклучуваат распоредување на европски сили во Украина, доколку се постигне прекин на огнот.
„Најтешкото нешто е како ќе изгледаат безбедносните сили – ние тоа го нарекуваме „сили за отпорност““, рече претставникот. „Силите на отпорност во тој случај би биле дел од безбедносните гаранции што ги сакаат Украинците и се надеваме дека ќе ги добијат“, додаде тој.
Се зборува и за создавање на посебни сили за следење на прекинот на огнот, кои би биле еден вид заедничка комисија на Русите, Украинците и трета земја што не е членка на НАТО. Таквата мисија ќе ги надгледува линиите на фронтот за да се осигура дека двете страни ќе го положат оружјето.
Според неименуваниот функционер, САД, исто така, би можеле да бидат „вклучени“, но не „со чизми на земја“, туку како финансиска сила, заедно со трета страна.
„Волстрит журнал“ во неделата објави дека предлогот на Трамп може да вклучи и одлука на САД да го признаат украински Крим како руска територија.
Иако „Њујорк пост“ забележува дека не можел независно да ја потврди оваа информација, висок функционер на администрацијата на Трамп во петокот изјави дека Киев, за време на преговорите со американската делегација минатата недела, бил најмногу загрижен за „земјениот“ дел од договорот, што значи признавање на делови од Украина окупирани од Русија, како суверена територија на Руската Федерација.
Владин претставник рече дека Украина изгледа е „подготвена да отстапи 20 отсто од својата земја“ доколку тоа се смета за „де факто“ наместо за „де јуре“ признавање на територијата.