Премиерот на Хрватска – Андреј Пленковиќ е во Киев на средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но и со премиерот Денис Шмихал и претседателот на Врховната Рада – Руслан Стефанчук. Пленковиќ во Украина е заедно со хрватскиот министер за надворешни и европски работи – Гордан Грлиќ Радман.
„Хрватска знае како е да се биде под воена агресија и продолжува да обезбедува политичка, дипломатска, финансиска, хуманитарна, техничка и каква било друга можна поддршка на Украина, како и помош во грижата за украинските бегалци“ – соопштија од хрвтската Влада.
Украинскиот државен врв на средбите ќе го информира премиерот за последиците од уништувањето предизвикано од руските напади, а ќе се разговара и за натамошната помош и продолжување на европскиот пат на Украина.