Османи: Косово е на линија со сојузниците во одбрана на демократските вредности
Вјоса Османи – претседателката на Косово е во Костарика, каде станало збор за прогресот на Косово во исполнувањето на преземените обврски во рамки на Самитот за демократија, како и за интензивирањето на соработката меѓу Косово и САД. Османи изјавила дека Косово „продолжува да стои на линија со сојузниците во одбрана на демократските вредности“.
„Во ова време кога демократиите во целиот свет станале директна мета на авторитарните тенденции кои се постојано во подем, Самитот за демократија е платформа која ги обединува земјите од сите страни на светот во нивните напори за консолидирање на демократските вредности и нивно натамошно промовирање и јакнење“ – се цитира Османи во соопштението од нејиниот кабинет.