Амбасадорот Кучи од Норвешка се врати во Македонија, определени мерки за претпазливост

Во проширената истрага за пожарот во Кочани, куќен притвор добија екс-министрите Ваљон Сарачини и Беким Незири, додека пак на актуелниот министер без ресор и поранешен директор на дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, е во ефективен притвор. Освен Салиу, во притвор завршија уште три други лица, во куќен притвор четири, а на осуммина одредени им се мерки на претпазливост. Засега истрага се води за 47 физички и три правни лица, осомничени се и седуммина полициски службеници.

Македонскиот амбасадор во Норвешка и Исланд, Дритон Кучи, кој е и екс министер за економија, се врати во Македонија.

Сега тој е директно опфатен со истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Обвинителството ќе побара определување мерки за претпазливост против него. Тој станува 19-тото лице под сомнение.

Од Владата информираат дека сите опфатени функционери ќе бидат разрешени веднаш по враќањето на премиерот Христијан Мицкоски од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати.