Од Стејт департментот порака – Бугарија и С. Македонија да ги решат билатералните спорови брзо бидејќи време е С. Македонија и Албанија да ги започнат предпристапните преговори со ЕУ.
Државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен во телефонски разговор минатата недела укажаа на забрзување на процесот.
Властите во САД одамна покажуваат дека се голем поддржувач на интеграцијата на С. Македонија и Албанија во ЕУ и посочуваат дека „иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион“.
Одлуката на ЕУ од март 2020 да се отворат преговорите за пристапување за С. Македонија и Албанија ја зметаат за позитивен чекор.