Јотова: Има притисок врз Бугарија да го укине ветото за влез на С. Македонија во ЕУ

Потпретседателката на Бугарија – Илијана Јотова призна дека има притисок врз Бугарија да го укине ветото за влез на С. Македонија во ЕУ и „тоа се должи на фактот што не успеавме да воспоставиме рамнотежа меѓу геополитичките интереси и геополитичките одлуки на ЕУ и нашата мала, но многу вредна бугарска правд во однос на процесите во Република Северна Македонија“.

„Таков масовен форум досега не е одржан, тоа го признаа сите учесници на конференцијата“ рече таа.

За изјавата на премиерот Петков дека е можно ветото да се продолжи во иднина, Јотова праша „до кога ќе добиваме сигнали однадвор дека Бугарија има две надворешни политики“.