ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за предлогот на Мицкоски – следува блокада на Собранието

Извршниот комитет на најголемата опозициска партија во државава – ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донел одлука да даде целосна поддршка на предлогот на лидерот – Христијан Мицкоски да се пристапи кон активна блокада на работата на македонското Собрание.

Мицкоски ја побара ваквата блокада откако премиерот – Димитар Ковачевски го одби неговото барање за лидерска средба на која што ќе се расправа за датум за предвремени парламентарни избори.

Сител дознава дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донел одлука и дава поддршка на предлогот на лидерот Христијан Мицкоски да се пристапи кон целосна блокада на работата на Собранието.

Мицкоски побара блокада на Собранието откако премиерот Димитар Ковачевски го одби неговото барање за лидерска средба на која што ќе се расправа за датум за предвремени парламентарни избори.

Наводно, на состанокот било речено дека исклучок од ова ќе бидат закони што ќе значат подобрување на стандардот на граѓаните, како повисоки плати или пензии.

Мицкоски вчера најави институционална блокада по 10. мај годинава.

Образложението од премиерот Ковачевски зошто не смета дека сега е моментот за средба со Мицкоски на која би се расправало за предвремени избори е „дека не е момент за такво нешто оти земјава се соочувала со бројни предизвици“.