Кривичниот суд – Скопје издал упатен акт за бизнисменот Јордан Камчев за затворската казна во случајот „Империја“, пишува „360 степени“.
Оттаму информираат дека утре од судот ќе соопштат на кој датум и во кој затвор ќе упатен Камчев за извршување на казната.
Сепак, упатниот акт не значи и дека веднаш ќе се започне со издржување на казната, бидејќи согласно Законот за извршување санкции, има право да бара одложување.
И Камчев, но и осомничениот Ненад Јосифовиќ ризнаа вина во случајот „Империја“, се спогодија со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и добија по една година затвор.
Дел од спогодбата на Камчев е и враќање во државниот буџет на 5,2 милиони евра.
И за двајцата спогодбите се однесуваат за кривични дела за периодот до 2009 година. Камчев се спогоди за делото злоупотреба на службената положба и овластување, а Јосифовиќ за перење пари и други приноси од казниво дело.
И Камчев, но и Јосифовиќ се осудени и во случајот „Плацови на Водно“.
Со неправосилна пресуда во овој случај Камчев доби 1 година затвор, а Јосифовиќ доби условна казна од 2 години.