Ново поскапување на горивата

Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за 2,5, а цената на дизелот се зголемува за 3 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,5 денари за литар, и ќе изнесува 87,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,293 денари за килограм се  зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 53,587 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек за 3,498  отсто кај бензините, кај дизелот за 3,023, кај екстра лесното масло за 3,262 и кај мазутот зголемувањето е за 1,555 отсто. Курсот на доларот во однос на денарот, пак, е повисок за 1,290 отсто.