Погребани жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип, Облешево, Струмица.

Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип, Облешево, Струмица.

Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи.

Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани… На и околу местата на погребите беа распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење. Погребот го следеа медиумски екипи од земјата и од странство.

Членовите на бендот ДНК кои починаа од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на

Во Скопје денеска беа погребани членови на бендот ДНК кои починаа од пожарот. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев е на градските гробишта во Струмица. Во Штип се погребани Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов, кои исто така беа дел од бендот.

Од загинатите во пожарот се простуваат и последна чест им одаваат и граѓани од целата земја. Во главниот град и денеска граѓани на плоштадот палеа свеќи.

Në Shkup edhe sot bëhet homazh për të vdekurit në zjarrin në kluvin

Министерството за здравство денеска ги објави имињата на сите 59 загинати во пожарот кои се на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години.