Македонскиот претседател – Стево Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 119-годишнината од неговата смрт.
Тој претходно на Фејсбук напиша дека македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи.
„Денеска одбележуваме 119 години од смртта на македонскиот револуционер и визионер #ГоцеДелчев.Тој не е само апостол на македонската револуција, тој е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи. Слава му!“ – вели Пендаровски.