Тагата го обедини Скопје, како ретко досега

Достоинствено и со солзи во очите главниот град им оддава почит на жртвите и сочувствува со нивните семејства.

Попладнево во центарот на Скопје, на плоштадот „Македонија“, мирно, тивко и потиштено стојат илјадници луѓе, оддавајќи почит на 59 жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Присутни се околу 10.000 граѓани, според проценката на полицијата, а почнаа со 16 минути молк со што ќе оддадат почит за жртвите од Кочани.

„Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени. Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие траорни денови, Македонија треба да биде заедно. Треба да си бидеме рамо за плачење и треба да си дадеме еден на друг утеха, ако воопшто и можеме. ,,Кој е следен?” повикува на заедништво во ужасов.