
Мицкоски за Папазов: И Свети ВМРО да е, ќе одговара ако направил грешка
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли денес прашањата на новинарите дека е можно градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, да не одговара за трагедијата во Кочани, со оглед на информациите дека е пуштен на слобода по исказот пред обвинителите – иако според законот Општината била надлежна да има регистар на ноќни клубови и да наплатува лиценца.
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли денес прашањата на новинарите дека е можно градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, да не одговара за трагедијата во Кочани, со оглед на информациите дека е пуштен на слобода по исказот пред обвинителите – иако според законот Општината била надлежна да има регистар на ноќни клубови и да наплатува лиценца. Мицкоски исто така беше запрашан зошто оставката на градоначалникот се уште не е потпишана, на што тој одговори дека сега морал да биде во Скопје и кога ќе може ќе отиде во Кочани и ќе ја официјализира. Притоа Мицкоски нервозно тврдеше дека и „брат да му е, и сестра да му е“ некој што направил грешка околу трагедијата ќе одговара, но дека одлуката за тоа ќе ја донесе Обвинителството.
„Дали има и колкава е одговорноста на градоначалнико ќе утврди Обвинителството. Градоначалникот во својата оставка напиша дека е на располагање, тука е и никаде не бега. Колку што сум запознаен, денес истражните органи ќе влезат во општината и ќе ги проверуваат документите. Ако пледирате дека тој е од ВМРО-ДПМНЕ па го штитиме, се лажете. Свети ВМРО нека биде, ќе одговара. Некој сестра или брат да ми биде, ќе одговара. Тоа досега сме го покажале“, рече Мицкоски.
Прашањето пак за формалната оставка на премиерот Мицкоски го оцени како „валкана игра“ на новинарот порачувајќи дека не е проблем да појде во Кочани и да се потпише на неа бидејќи совеста му е чиста, а и намерата.
„Ќе сторам се и покрај оваа валкана игра на која пледирате и ќе изразам сочуство на граѓаните“, рече Мицкоски.