Заеднички час за искажување на почит од студентите на УКИМ по повод трагедијата во Кочани

Студентите на УКИМ денеска во 12 часот на Платото на Универзитетот ќе одржат организиран заеднички час во форма на искажување почит кон  жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.  

Како што соопштија од Универзитетско студентско собрание при УКИМ, со времетраење од еден час, ќе се искаже сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување од повредите. На Платото ќе има простор каде студентите ќе можат да запалат свеќи, искажат тага во книга на жалост и остават цвеќе.

Заедничката настава и собирите на студентите, најавија, ќе продолжат сѐ до 21 март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ.