
Еден од загинатите во трагедијата во Кочани е 30-годишниот Тоше Богданов. Според српски Телеграф, Богданов излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на својот син.
Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила неколку дена пред трагедијата.
-Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема “, изјави за Информер извор запознаен со случајот.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица а над 150 се повредени. Најмладата жртва имала само 14 години.