Општина Центар главен пик во периметарот на владејачката коалиција
Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека преговара со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на нивен кандидат за градоначалник на скопската општина Центар на претстојните локални избори, како и за поддршка на повеќе нивни предлог градоначалници во неколку градови во државава.

Тој на ТВ 24 истакна дека во трката за советничките листи, неговата партија ќе трча самостојно, посочувајќи дека ЗНАМ по локалните избори, според него, ќе прерасне во многу посилен политички фактор од сега.
Воедно, додава дека се уште не донел одлука дали и по трет пат ќе се кандидира за градоначалник на Куманово или каде би бил понатаму ако не во градоначалничката фотеља.