
(Видео) Во Белград се очекува масовен протест – најголем во историјата на Србија
Студентите синоќа на повеќето белградски факултети се собраа во центарот на Белград на Теразије, каде приредија спектакуларен пречек за студентите велосипедисти и пешаци кои веќе неколку дена пешачат и возат кон главниот град за да учествуваат на денешниот голем протест.
Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации кои започнаа со загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад. Протестот во Белград доаѓа по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш, како и во помалите општини ширум Србија.
14.3.2025 Beograd
Terazije pic.twitter.com/ksheJFkfMI— Generalni Strajk Srbija – Gen. Strike 🇷🇸 (@KrahSNSa) March 14, 2025
Владата и српскиот претседател Александар Вучиќ тврдат дека барањата на студентите се исполнети. Студентите и академската заедница го отфрлаат тоа.
Студентите синоќа на повеќето белградски факултети се собраа во центарот на Белград на Теразије, каде приредија спектакуларен пречек за студентите велосипедисти и пешаци кои веќе неколку дена пешачат и возат кон главниот град за да учествуваат на денешниот голем протест.
Белграѓани ги дочекаа со скандирање, со вувузели и тапани, но и со насмевки, солзи и прегратки пред масовниот протест закажан за денес.
Светските медиуми, како Ројтерс, Тајмс и Сандеј Тајмс, на своите канали на Јутјуб во живо го пренесуваа пречекот на велосипедистите, маратонците и студентите кои пешачеа од цела Србија до Белград за да учествуваат на денешниот протест.