Обвинетиот Манев: Палчо влета и испука куршум во слепочницата на Панче

Обвинетиот Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска во судница даде исказ за двојното убиство. Тој до најмал детал раскажа како биле направен планот за грабнување, како биле грабнати Вања и Панче и како биле убиени.

Обвинетиот Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска во судница даде исказ за двојното убиство. Тој до најмал детал раскажа како биле направен планот за грабнување, како биле грабнати Вања и Панче и како биле убиени, пренесува „Фокус“.

Сведочењето го пренесуваме како што течеше и неговото признание.

-Со Боре Видевски се познавам од дете, од училишните денови, а со Љупчо Палевски се познавам од 2018 година, преку фејсбук. Отидов во канцелариите на партијата, а потоа станав член, и сега сум овде, со неговото знаење. Со Влатко Кешишев се познаваме две и пол години, ако не го сметам времето во притвор. Тој 24 часа беше со Палевски. Му готвеше, му ги оддржуваше канцелариите. И тој е тука зошто му ја даде довербата на Палевски, појасни Манев.

За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, пак рече дека не го познавал, ниту пак некогаш го видел.

За починатиот Панче Жежовски рече дека се познавале оддамна, му работел на куќата, пред 15 години, и му останал должен.

-Ми остана должен 1.500 евра. Се скаравме тогаш, во лутината му извадив 12 квадрати од бекатон плочките што му ги редев, а тој повика полиција. Ме опоменаа дека не смеам така и по тоа дигнав раце. Уште еднаш потоа отидов во фризерницата, му ги побарав парите што му ги должи, сакав да го тепам, но дигнав раце и оставив на Господ, рече обвинетиот.

Тој одговори дека тој ја копал скривницата, во која требало да ги сместат грабнатите.

-Јас ја копав дупката, заедно со Влатко Кешишев. Целта беше да се чуваат грабнатите лица и да се пуштат откако ќе се изврши наплатата. Првично требаше Панче Жежовски да биде грабнат, да биде спуштен внатре врзан со синџир за бетонски столб, да се искористи неговото возило за грабнување на особо, жена од 38-40 годишна возраст. Откако ќе се грабне таа, да се направи замена. Панче да се пушти да си замине со колата, а жената да биде чувана додека не се изврши наплата. Дупката беше ископана една година претходно, рече обвинетиот.

Тој појасни дека првично барале некој објект каде што ќе бидат чувани грабнатите, но не нашле. Еден ден во партијата, Палески му рекол да се прошетаат.

-Рече дека објект тешко може да се најде, некоја земуница (дупка) каде што ќе можеме да ги чуваме грабнатите. Откако заедно го најдовме местото одлучи тука да се направи дупката и ја оставивме природата да ја замаскира сама. За одлуката за грабнување на Панче, околу месец и пол, Палевски бараше некоја кола необележана, крадена, за да може со неа да го извршиме грабнувањето. По негов предлог баравме пензионер сам, да му ја искористиме колата и потоа да го пуштиме. Му кажав дека има еден таков кај мене, што ми го земал лебот, па да го искористиме него. На почетокот бевме ние тројца, а би фалеше уште еден. Боре беше постојано со мене, му предложив и отиде да разговара со Палчо да се приклучи како четврти член на групата, рече Манев.

Тој појасни кога ии како го грабнале Панче Жежовски.

-Го грабнавме на 23 ноември. На 22- ри дојдоа Влатко и Палчо за да Палевски го провери местото дали може да се изврши грабнувањето. Отидовме, го виде, и одлучи наредната вечер да го грабнеме. Наредниот ден, во раните утрински часовх, кога дојдоа пиевме кафе и кон 5.30-6 часот тргневме да го земеме Панче. Инаку, снимките што ги гледавме, од моите камери, не се совпаѓа со ова време. Отидовме кај куќата на Панче, јас Боре и Палчо. Кешишев го зема ,,реното гангу” и не чекаше кај пругата. Мислевме сам ќе излезе и чекавме до 7.45 часот. Не излезе, па Палчо преку моторола рече да му тропнеме на врата и тука да се врзе и да се земе. Јас не можев да се појавам бидејќи ме познава, ми го познава гласот. Одлучи Боре да тропне на вратат и да го бутне, а ние да притрчаме и да го врземе. Боре постапи така како што му кажа Палчо. Го бутна и Палчо влезе во предсобјето и бидејќи Панче викаше, јас се доближив, му ја ставив раката на устата. Бевме со маски, не не позна никој. Почнав да му ги врзувам рацете, а Палчо влезе во куќата. Го зема неговиот телефон, ги извади клучевите, а на нив беа и клучевите од возилото. Палчо отиде да ја запали колата, а ние го однесовме Панче да го ставиме во гепек. Се симнавме каде што не чекаше Кешишев, рече обвинетиот.

Тогаш ставиле гориво во колата на Панче.

-Додека сме го ставале горивото, Палевски го фрлил телефонот на Панче во долот. После тоа се упативме према копаната земуница, да го спуштиме долу. Поминавме покрај Романтик, по стариот пат за Скопје и кон местото Рудник. рече Манев.

Појасни дека претходната вечер со Кешишев отишле до бензинска и во две туби наполниле гориво. За време на грабнувањето рече дека комуницирале преку моторола.

-Кешишев и Палчо беа во ,,реното кангу”, а јас и Боре во колата на Панче. Го изнесовм3 Панче од колата, го донесовме до самиот отвор на земуницата. Му ги одврзавме рацете, за да можеме да го спуштиме по скалите. Тука не напоменав само дека Кешишев и возилото останаа 300-400 метри подалеку, а Палчо дојде со нас, во ,,цитроенот”. Откако се навеснав да го одврзувам, Палевски влета наеднаш, и му испука куршум во слепочница. Јас останав без зборови, срипав и излегов надвор од шумичката. Бев во ситуација пред колабирање. Се тресев од тоа што го видов. Го видов и Боре како излегува молчешкум од местото, а Палевски го преврте Панче со се церадата во дупката. Потоа дојде до мене и го прашав зошто ова, не требаше вака. Тој ми вика, вака е почисто, нема што да се секираш. Му реков дека не сакам вака да продолжам, зошто за такво нешто не сум ни помислил. Ми рече, го цитирам:,,Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија”!, рече Манев.

Тој додаде дека по неколку дена го затрупале телото со Боре, за да не почне да мириса.

Судењето е во тек.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Извор: Фокус