
ГОБ „8 Септември” ќе биде реконструирана до октомври, ќе се реновира и Охридскиот аеродром
Вкупно 14,7 милиони евра инвестиции од кои 12 милиони за реконструкција на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември" и 2,7 милиони за реновирање на охридскиот аеродром "Св. Апостол Павле", најави Владата.
Вкупно 14,7 милиони евра инвестиции од кои 12 милиони за реконструкција на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември” и 2,7милиони за реновирање на охридскиот аеродром “Св. Апостол Павле”, најави Владата.
Како што беше речено денеска на прес конференција, болницата во октомври се очекува да биде целосно реконструирана. Со планираните активности е предвидено да биде опфатен оперативниот блок од седум хируршки сали, две за абдоминална хирургија, две за уролошки интервенции, една сала за уво, нос и грло, една за очна хирургија и една за роботска хирургија. Сите сали ќе имаат најнова опрема, хируршки маси у машини за анестезија, медицински компјутери, дефибрилатори и друг инвентар.
Охридскиот аеродром ќе добие нова административна зграда од 250 метри квадратни, а реновирани ќе бидат и останатите сегменти. Се очекува проектот да се заврши до март 2026 година.
Инвестициите ги најавија премиерот Христијан Мицкоски и министрите за транспорт и за здравство, Александар Николовски и Арбен Таравари.