
Албанските граѓани се рангирани на второто место по Грузијците по бројот на принудни враќања од некоја од земјите на Европската унија во текот на 2024 година.
-Според податоците на Европската агенција за статистика, Евростат и Агенцијата за заштита на границите, Фронтекс, обработени од Гласот на Америка, 8202 албански државјани со нерегуларен престој биле принудени од полициските власти да напуштат земја на Европската унија во текот на 2024 година, објавија албанските медиуми.
Додаваат дека во 2023 година, на 17.425 албански државјани им било наредено да ја напуштат ЕУ, а 7.870 од нив биле ефективно вратени.
Во 2021 година, Фронтекс објави дека насилно биле вратени 5.398 илегални албански мигранти, што бележи зголемување во споредба со претходната, 2020 година, кога биле вратени 4.801 албански државјанин.
-Високите стапки на иселување на Албанците продолжуваат да даваат високи показатели за присилно враќање и неиздавање на дозвола за престој од земјите на Европската унија. Албанските државјани со наредба за протерување и во текот на 2024 година потврдува дека голем број нелегално живееле во една од земјите на Европската унија, стои во анализата.
Албанските државјани патуваат без визи во Европската унија од декември 2010 година, но во случаи на откривање „како незаконски“ од властите на земја од Европската унија, го прекршиле тримесечниот престој во земјите од шенген зоната или извршиле дејствија надвор од визната програма за туристички цели.
Според извештајот на Фронтекс за 2024 година, оваа агенција им помогнала на земјите-членки на Европската унија да вратат 56.262 лица со нерегуларен престој во овие земји, што бележи зголемување од 43 отсто во однос на претходната година.
Во документот исто така се наведува дека Грузијците, Албанците, Турците, Колумбијците и Молдавците се петте главни националности со највисоко присилно или доброволно враќање од европските земји во текот на 2024 година.
Инаку, според прелиминарните податоци на Министерството за внатрешни работи на Албанија, во текот на 2024 година од Велика Британија во земјата биле вратени 1120 албански државјани со нерегуларен престој или осудени за кривични дела, во 25 операции за репатријација извршени преку воздушен транспорт.