Први реакции на Русите по состанокот во Саудиска Арабија: „Не е лошо…“

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часа разговори меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија завршиле и биле успешни.

Во Ријад, Саудиска Арабија заврши првиот состанок помеѓу САД и Русија.

Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд за директни инвестиции, за руската државна телевизија изјави: „Почна многу позитивен, конструктивен дијалог. За разлика од администрацијата на Бајден, која никогаш не се обиде да ја слушне руската позиција, ова беше многу јасен обид да се започне дијалог, да се разбере руската позиција и да се разговара за работи за кои се согласуваме.

„Има многу точки за кои се согласуваме… подобро се запознавме… сега многу подобро се разбираме“, додаде тој.

Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, исто така ги коментираше преговорите за руската државна телевизија:

„Не е лошо, не е лошо. Тешко е да се каже дали се зближивме, но разговаравме за тоа. Тоа беше многу сериозна дискусија за сите прашања што сакавме да ги допреме. Се согласивме да ги земеме предвид взаемните интереси и да ги развиваме билатералните односи на Москва и Вашингтон“.

Тој изјави дека се договориле „специјален тим од преговарачи да воспостави контакт во догледно време“.

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часа разговори меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија завршиле и биле успешни.