
(Видео) Пандовски: Се додека има лепливи прсти ќе има и корупција
-Извршната власт може да направи подобри механизми за внатрешна контрола, да ја сузбива корупцијата во своите редови, но на крајот и да има индиции сето тоа повторно завршува во судството, вели Пандовски.
„Во едно демократско општество каде што постои поделба на власта најзадолжен за сузбивањето на корупцијата е судството, односно правосудните органи. Само тие можат да носат пресуди коишто имаат последици по оние што го направиле кривичното дело, било каква да е и само тие преку едно поостро казнување на делата од областа на корупцијата можат да предизвикаат промени во општеството односно да ги исполнат целите на генералната превенција, изјави за „Трилинг“ Благоја Пандовски претседател на „Транспаренси интернешнл“.
Говорејќи за извршната и законодавната власт, Пандовски вели дека тие можат да придонесат во делот со справувањето со корупцијата.
„Извршната власт може да направи подобри механизми за внатрешна контрола, да ја сузбива корупцијата во своите редови, но на крајот и да има индиции сето тоа повторно завршува во судството.
Обвинителството од друга страна, додава Пандовски е она кое треба да иницира.
„Тоа треба да поднесува акти или предлози до судот на основа на претходно добиените индиции. Мене ми е многу жал што едни институции коишто добро си ја работат својата работа како Државниот завод за ревизија и ДКСК коишто даваат извештаи, многу малку од овие случаи, скоро ич, се процесуираат понатаму во судот. Значи високата корупција е една голема болка на нашето општество, односно неказнивоста на високата корупција“, вели Пандовски.
„По Закон јавниот обвинител како највисок во хиерархијата, а ЈО работи по принципите на хиерархија и субординација е посредно и непосредно одговорен за ефективноста работата на ЈО. Тој се смета дека како на чело, на врвот на оваа институција треба да воспостави добри политики и практики коишто понатаму ќе произведат ефективност и ефинкасност на јавно-обвинителскиот систем. Јас не би можел да гхо кажам моето мислење дали со неговот сменување ќе се смени нешто, но факт е дека треба многу работи да сменат во работата на ЈО како би имале појако гонење на овие дела од високиот криминал, смета Пандовски, во делот дали со смената на обвинителството, на јавниот обвинител, всушност ќе се подобри нешто.
За тоа колку измените на Кривичниот законик со кои дел од предметите застареа, а некои беа преквалификувани и колку тоа допринесе за лошата оценка, Пандовски вели дека во минатиот индекс кој е објавен во 2024 годин, а се однесува на претходните години, кај Македонија беше издвоен случајот со упадот на Собранието во правосудниот систем.
-Зошто упадот? Па тие им го одземаа основот на гонење на самите судии. Кога едно дело буквално ќе го масакрирате како што се случи – се намали казненоста, дел од оние членови квалификувани ги снема од тој Закон, понатаму не можете да очекувате ефективна борба против високиот криминал, особено што се намали рокот за гонење на овие дела и голем број на дела, некаде околу 200 кривични дела останаа без пресуди, значи се случи застареност.
-И сега кога во едно општество кое има сериозни проблеми со корупцијата ќе донесете таков закон со консензус на тогашните пратеници од тоа Собрание (заеднички си го изгласаа тој Закон), а самите тие се високи функционери коишто понатаму можат да подлежат на гонење, тогаш тоа ви кажува дека всушност се злоуотребуваат институциите на системот – во тој случај Парламентот, со цел да избегне кривичната одговорност, вели Пандовски.
Целото интервју со Благоја Пандовски претседател на „Транспаренси интернешнл“, погледнете го во видеото.