ФОТО: Во Албанија пронајдено најголемото подземно термално езеро во светот

Најголемото подземно термално езеро во светот е откриено во Албанија, а откритието може да придонесе за заштита на целата област и подобро разбирање на неговата хидрологија, велат експертите.

Најголемото подземно термално езеро во светот е откриено во Албанија, а откритието може да придонесе за заштита на целата област и подобро разбирање на неговата хидрологија, велат експертите.

Откритието дојде по долгогодишно истражување предводено од чешкиот спелеолог Марек Аудиј, кој се сомневаше дека постои скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер.

Научниците открија бездна длабока 100 метри додека мапираа област во близина на границата со Грција и ја следеа пареата од бројните топли извори, а на неговото дно пронајдоа езеро долго 138 метри и широко 42 метри, со обем од 345 метри.

Научниците велат дека сега знаат дека околните топли извори се хранат со вода од подземно езеро.

„Веруваме дека ова откритие може да придонесе и за заштита на целата област и подобро разбирање на нејзината хидрологија, бидејќи до ден-денес никој не знае точно како овие подземни води се поврзани со површината“, рече членот на тимот Ричард Буда, фотограф и спелеолог, пренесува „Анадолу“.