Радев: Убеден сум дека ќе се преземат неопходните мерки за влез во еврозоната

„Бугарија отсекогаш била составен и важен дел од Европа. Не можеме да си дозволиме да станеме периферија на Европската унија. Во нашиот договор со ЕУ пишува дека ќе влеземе во Шенген и во еврозоната“, посочи шефот на државата.

Убеден сум дека Владата и Парламентот ќе ги преземат неопходните мерки и ќе ги донесат неопходните одлуки за да влеземе во еврозоната, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев на отворањето на форумот на магазинот „Економист“ во Софија. Шефот на бугарската државата е почесен гостин и предавач на форумот, јави БТА.

„Бугарија отсекогаш била составен и важен дел од Европа. Не можеме да си дозволиме да станеме периферија на Европската унија. Во нашиот договор со ЕУ пишува дека ќе влеземе во Шенген и во еврозоната“, посочи шефот на државата.

„Сега се води дебата во општеството, но прашање е кога ќе станеме членка на еврозоната и убеден сум дека бугарската влада, парламентот и сите институции ќе ги преземат неопходните мерки и ќе ги донесат неопходните одлуки за ние да влеземе во еврозоната“.

Треба да развиеме силен механизам за следење и контрола на цените, во спротивно ќе бидеме разочарани. Мора да се воведат контролни механизми и морам да кажам дека веќе доцниме, истакна Румен Радев.