Србија ќе бара продолжување на роковите за излегување на рускиот капитал од НИС

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ денеска изјави дека Србија ќе бара продолжување на роковите за завршување на сите операции во врска со излегувањето на рускиот капитал од НИС.

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ денеска изјави дека Србија ќе бара продолжување на роковите за завршување на сите операции во врска со излегувањето на рускиот капитал од НИС.

Таа нагласи дека во интерес и на американската и на руската страна е да се најде решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), особено со доаѓањето на администрацијата на Доналд Трамп.

Потсетувајќи на крајниот рок до 25 февруари за целосно повлекување на рускиот капитал и интереси од НИС, таа исто така рече дека српската влада разговарала со двете страни и дека работните тимови веќе имале неколку состаноци.

Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека и рускиот и американскиот партнер ќе разговараат бидејќи, како што вели, во интерес на двете страни е да се најде решение.

Таа смета дека се уште е рано да се зборува за опции за НИС и дека треба да се почека двете страни да почнат разговори. Додаде дека се очекува Русија да претстави сеопфатен предлог и дека Србија ќе мора да се подготви за различни сценарија.

Американското Министерство за финансии на 10 јануари објави дека бројни компании во Русија и пошироко се под санкции.

Меѓу санкционираните е и НИС АД Нови Сад, кој од 2008 година е во сопственост на руски Газпром. Одлуките за санкции се во согласност со американската политика на таргетирање на руската економија по нелегалната анексија на Крим и војната против Украина.