Нов земјотрес, овојпат со јачина од 3,9 степени според Рихтер синоќа околу 23 часот ја стресе Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил на 17 километри од Билеќа, на длабочина од 2 километри.
Локалните жители велат дека земјотресот бил краткотраен и не многу силен.
Вакви последователни земјотреси се очекувани, со оглед на тоа што тлото се уште се смирува од силниот земјотрес што во петокот ја погоди земјата.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван во повеќе градови во Херцеговина, како Билеќа, Требиње, Мостар, Столац, Чапљина, но и во соседна Хрватска, односно Дубровник.