(Видео) Проф. Кулаков: Вeштачката интелигенција може да помогне во борбата против корупцијата
- Дигитализацијата може да помогне во намалувањето и сузбивањето на корупцијата. Практично треба да се дигитализираат сите процеси и што повеќе да се елиминира човечкиот фактор и втора работа е достапноста на информациите, да бидат отворени, да може во секој момент било кој заинтересиран тоа да го провери. Така и луѓето кои се на власт многу повеќе би се плашеле дека некој во секој момент може да го провери нештото и тоа да биде разоткриено. Вештачката интелигенција може да помогне во дел од тие процеси - како дигитализацијата или во зголемување на ефикасноста“, вели Кулаков.
„Треба со еден оптимизам да гледаме на иднината. Јас верувам дека вештачката интелигенција (ВИ), употребувана правилно, може да доведе до општ просперитет на целокупното оштество и дека тоа всушност ќе се случи. Сите тие други дистопски филмови што ги гледаме, тоа е пред се заради природата на човекот, а не нужно заради некаква природа на ВИ. Значи ние ја создаваме, и ние така ќе ја создадеме да продолжи да се развива за да служи за добробит на човештвото“, изјави во „Трилинг“, проф. д-р Андреа Кулаков говорејќи за ВИ како предизвик, шанса, страв, неизвесност?
Кулаков наведе и примери и тоа не само за автоматизацијата во фабриките, туку и за сите повторливи работи коишто човекот едноставно не сака толку многу да губи време да ги работи.
„Сите тие работи ќе бидат заменети со ВИ, со роботика и тие ќе ни бидат од помош“, вели Кулаков.
„Јас сум магистар и по когнитивни науки и таму се проучува човечкото спознание, начин на размислување, на биолошките системи воопшто. Математичарите повеќе стравуваат дека ВИ може да избега од контрола и што ако таа сама продолжи неограничено да се развива и дека во еден момент ќе биде посилна од сите луѓе заедно, тука мислам на интелектуално и како тоа ние би можеле да ја контролираме. Но има примери во природата каде што микроскопски организми на некој начин управуваат со поголеми, и физички и интелектуално поголеми системи. Така што сметам дека тоа е малку неоправдан страв“, додава Кулаков.
Кулаков вели дека во секое време човекот ќе може да вгради контролни механизми во вештачката интелигенција.
„Ние мора да разбереме дека човекот е производ на една свирепа еволуција, но ние не мора сите наши недостатоци, кои во одреден период дури биле и предности, да ги моделираме во самата вештачка интелигенција. Ние секогаш ќе можеме да вградиме контролни механизми во ВИ, како што, меѓудругото, тоа го правиме односот на човек со човек. Тоа е преку воспитувањето. Едноставно ќе треба да ги воспитуваме роботите како што ги воспитуваме нашите деца“, смета проф. д-р Кулаков.
„Моментално проблем на развојот на ВИ е што научниците сакаат да најдат нешто што е готово и најлесно им е да најдат нешто на интернет, да соберат разно-разни текстови и така ги полнат со информации. Но тоа е исто како детето да го оставите на улица да се воспитува. Значи треба да малку повеќе внимание да се обрне околу тој процес“, вели Кулаков.
За тоа кога и како ќе се соочиме со роботи кои многу повеќе ќе знаат од луѓето, Кулаков вели дека некои предвидувања се од 2050, но тоа сега е се поблиску и поблиску.
„За некои работи уште сега. Има работи кои компјутерите подобро ги знаат од луѓето. Тоа што ќе остане засекогаш е односот човек со човек. Значи ние секогаш ќе преферираме да се обраќаме, да се дружиме со друг човек, со луѓе, а не толку со машини и заради тоа нема сите професии да исчезнат. Пред сѐ ќе останат оние професии каде што е многу позначаен уделот на тој меѓу човечки однос, како лекари, негователи, учители, воспитувачи итн. Значи тоа нема никогаш да биде целосно заменето со вештачка интелигенција.
Проф. д-р Кулаков вели дека од друга страна пак многу канцелариски професии.
„Порано се мислеше дека прво ќе биде индустријализацијата, но некако се покажува за некои работи тоа поотпорно, но сметам дека повеќе некреативните професии први ќе бидат заменети, но гледаме дека има доста успех ВИ и во креативните индустрии. Се на сѐво сите професии ќе има идел, некои ќе бидат целосно заменети, а некои ќе бидат како помош на човекот. Но сепак имаме регулирани професии кои највеќе ќе пружаат отпор да бидат заменети и такви се правосудството, лекари, професорите, но прашањето е дали ќе дојде редот дние да веруваме толку многу повеќе на компјутерот отколку на човекот во одредени професии.
– Дигитализацијата може да помогне во намалувањето и сузбивањето на корупцијата. Практично треба да се дигитализираат сите процеси и што повеќе да се елиминира човечкиот фактор и втора работа е достапноста на информациите, да бидат отворени, да може во секој момент било кој заинтересиран тоа да го провери. Така и луѓето кои се на власт многу повеќе би се плашеле дека некој во секој момент може да го провери нештото и тоа да биде разоткриено. Вештачката интелигенција може да помогне во дел од тие процеси – како дигитализацијата или во зголемување на ефикасноста“, вели Кулаков.
Целиот разговор со проф. д-р Андреа Кулаков погледнете го во видеото.