Дмитро Кулеба – украинскиот министер за надворешни работи смета дека руското ширење страв е знак на слабост. Русија ја изгуби „последната надеж дека ќе го оттргне светот од поддршка за Украина“, напиша Кулеба на Твитер, по објавеното интервју со шефот на руската дипломатија, Лавров.
„Тоа значи само дека Москва го претчувствува поразот“, вели Кулеба.
Лавров во вчерашното интервју изјави дека испораките на западно оружје за Украина значат дека НАТО сојузот е „всушност вклучен во војната со Русија“. Москва тоа оружје го смета за легитимни цели, појасни и предупреди да не се потценуваат ризиците од нуклеарен конфликт.